Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Секторот за внатрешна ревизија во НЛБ Банка го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да работите на проценка на општата ефикасност на работењето на Банката, следење и почитување на прописите, контрола, надзор и следење на работниот процес, советување на раководсвото и вработените; развивање и имплементација на стручните стандарди и начела за внатрешна ревизија, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција.

Улога во тимот:

  • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизија и интерните акти на Секторот за внатрешна ревизија;
  • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката, со цел дефинирање на годишните и долгорочните планови на ревизорски прегледи;
  • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката;
  • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со Прирачникот за внатрешно ревидирање;
  • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива, Стандардите на НЛБ Групацијата, процедурите и интерните упатства за работа;
  • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја;
  • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици;
  • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки;
  • Изработување на Годишно мислење за квалитетот на контролниот систем и управувањето со ризици во Банката;
  • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката, НЛБ Групацијата и регулаторите

Потребен профил:

  • Универзитетско образование од економски науки;
  • Минимум 3 години работно искуство во сегментот на ревизија;
  • Поседување на лиценца од подрачјата ревизија, ризици или compliance, ќе се смета за предност;
  • Спремност за самостојна работа и предлагање на нови методологии и пристапи во работата;
  • Способност за тимска работа, концентрација и надминување на проблеми/конфликти;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Напредно користење на стандардни ИТ алатки;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 29.07.2022 година (петок).

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска Банка АД – Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно