Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Службата за кредитни ризици за големи и средни претпријатија и Службата за кредитни ризици во рамки на Секторот за кредитни ризици и нуди можност за работа во динамична средина со можност за професионален развој.

Доколку сакате да бидете дел од тимот и да имате амбиција за унапредување на активностите во сегментот на управување со кредитни ризици за корпоративни клиенти и физички лица, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција.

Улога во тимот:

  • Квалитетно управување со кредитните ризици во Банката, како и почитување на минимални стандарди и методологија за бонитетна класификација и почитување на законски прописи од областа;
  • Прибирање и проверка на комплетна документација, анализа и проценка на финансиските извештаи и проекциите на готовински текови на правни лица;
  • Утврдување на бонитет на правни лица, давање на предлог мислење за пласмани како и коодлучување за пласмани заедно со релевантните сектори;
  • Анализа на физички лица и подготовка на извештаи во делот на следење на овој сегмент од портфолиото на Банката;
  • Следење на законската регулатива од областа на управувањето со кредитни ризици, мерила и постапки за одобрување на пласмани во НЛБ Групација и Стандарди од областа на ризиците на ниво на НЛБ дд.

Потребен профил:

  • Универзитетско образование, Економски факултет;
  • Претходно искуство во сегментот на кредитирање на правни лица и/или познавање на сметководствени практики/стандарди ќе се смета за предност;
  • Познавање и толкување на основните финансиски извештаи на претпријатијата (биланс на успех, биланс на состојба), како и познавање на концептот на готовински тек и неговите клучни двигатели;
  • Искуство во делот на кредитирање на физички лица;
  • Одлични комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Аналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на соодветната работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk со назнака Финансиски аналитичар, најдоцна до 20.04.2022 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат дополнително контактирани за следните чекори до конечниот избор.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно