Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Една од најважните стратешки определби на НЛБ Банка е посветеноста кон вработените. Со цел јакнење на овој сегмент НЛБ Банка го проширува својот тим на успешни професионалци во Центарот за управување со човечки ресурси и нуди можност за работа во динамична и креативна средина, следејќи ги светските трендови и процеси во областа на управување со луѓе.

Со приклучувањeто кон успешниот тим на НЛБ Банка, банката нуди можност за примена на Вашите знаења и вештини и зголемување на експертизата во сегментот на човечки ресурси.

Доколку сакате да бидете дел од тимот и имате амбиција за унапредување на Вашата кариера, НЛБ Банка Ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција.

Работни цели:

  • Грижа за континуиран развој на вработените преку преку планирање, спроведување и евалуација на ефективен систем на тренинзи и едукација;
  • Унапредување, имплементација и поддршка на нови и постојни решенија во системот за управување со перформанси на вработените и наградување;
  • Стратешко управување, анализа и унапредување на системот на работни места и системот на плати и бенефити, во рамки на актуелните трендови;
  • Унапредување на организациска култура, клима и ангажираност преку предлагање и имплементирање на мерки и активности заедно со вработените;
  • Активности за воведување на современи информатички системи и унапредување на постојните софтверски решенија за поддршка на управувањето со човечките ресурси;
  • Предлагање на промени и нови методи за ефикасно управување со луѓе, со користење на современи трендови и позитивни практики.

Потребен профил:

  • Универзитетско образование;
  • Најмалку 3 години работно искуство во сегментот на управување со човечки ресурси;
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
  • Напредно користење на MS Office;
  • Високо развиени аналитички, комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за креативно и иновативно размислување;
  • Високо развиен тимски дух и самоиницијативност.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии (CV) можат да ги достават на следниот линк со избирање на соодветната работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk со назнака за Специјалист за човечки ресурси, најдоцна до 20.04.2022 година.

Кандидатите кои влегуваат во потесен избор ќе бидат контактирани за вклучување во процесот на селекција.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно