Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје, една од водечките банки во Република Северна Македонија, има потреба од ангажирање на надворешни проценувачи / консултанти за проценка на пазарна вредност на различни видови на имот лоциран на територијата на државата.

Основната задача според договорниот ангажман е изготвување на проценки за пазарната вредност на недвижен имот, подвижен имот, машини, опрема и транспортни средства при воспоставување на заложно право – хипотека, како и следење на инвестиции во тек, изработка на стручни извештаи, давање на стручни мислења, стручна контрола на претходно извршени проценки и слично.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

ПРОЦЕНИТЕЛ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ, ПОДВИЖЕН ИМОТ,
МАШИНИ, ОПРЕМА И ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА

Одговорности:

  • Проценка на пазарната вредност на недвижен имот, подвижен имот, машини и опрема;
  • Ажурирање на пазарната вредност на претходно заложен имот во Банката;
  • Соработка со интерните проценители на Банката и по потреба контрола на проценки изготвени
    од страна на друг проценител;
  • Изработка на редовни извештаи за реализираните активности во текот на претходниот месец;
  • Познавање на постојната регулатива и други акти за проценка, како и меѓународните стандарди за проценка (IVS и/или EVS) со континуирано следење на промените преку обуки и лична професионална надградба.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Уверение за положен испит за проценител, за минимум една од следните области:
    – Недвижен имот,
    – Машини и опрема,
    – Подвижен имот,
    – Транспортни средства.
  • Напредно познавање на регулативата поврзана од областа на проценување;
  • Познавање на меѓународните стандарди за процена (IVS / EVS – TEGOVA) ќе се смета за предност;
  • Универзитетско образование од област на градежништво / архитектура, економски или правни науки;
  • Високо ниво на познавање на англискиот јазик;
  • Напредно користење на Office пакетот;
  • Поседување на возачка дозвола од Б категорија;
  • Прецизност, точност, аналитичен и етички пристап во текот на работењето;
  • Проактивен пристап во работата, професионална етика, способност за тимска работа, одлични комуникациски и организациски вештини.

НЛБ Банка АД Скопје Ве поттикнува да станете дел од нивниот успешен тим на соработници.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 22.03.2022 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат дополнително контактирани за следните чекори до конечниот избор.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна Кооперативна Банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје вработува две лица во Дирекцијата за информатички технологии на работно место Соработник за корисничка и техничка поддршка. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, вработува лица на работно место Соработник за клиентска услуга за Експозитура Куманово. (more…)

Продолжи со читање

Популарно