Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Службата за развој на продукти, CRM и маркетинг во рамки на Сектор за развој на понуда и маркетинг и Ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за професионален развој. Отворената работна позиција е во областа на финансиска анализа и следење на резултати од продажбата за различни продукти.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

ФИНАНСИСКИ АНАЛИТИЧАР

Улога во тимот:

  • Подготовка на извештаи и анализа на податоци за следење на продажбата на продукти и услуги
    на Банката;
  • Учество во активности за автоматизација и оптимизација на различни извештаи;
  • Подготовка на годишни планови и анализи;
  • Следење на пазарот и пазарните учества, анализа на одредени отстапувања и предлози за
    соодветни активности;
  • Изработка на дата модели – подготовка на податоци, изработка на спецификација, учество во
    процесот на имплементација и тестирање;
  • Подготовка и развој на предиктивни модели.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование;
  • Минимум 2 години работно искуство во областа на финансиска анализа и контролинг;
  • Напредно користење на Office пакетот;
  • Одлично познавање на Англискиот јазик;
  • Познавање на напредни алатки за работа со податоци се сметаат за предност;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Одлични организациски вештини;
  • Напредни аналитички вештини, способност за тимска работа и самоиницијативност.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk со назнака за Финансиски аналитичар – Сектор за развој на понуда и маркетинг, најдоцна до 24.03.2022 година.

Кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат дополнително контактирани за следните чекори до конечниот избор.

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово. (more…)

Продолжи со читање


Популарно