Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје


НЛБ Банка АД Скопје во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба.
Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:
Координатор за централизирана продажба
во Служба за централизирана продажба
Твоите работни цели:
- Унапредување на продажбата на широк спектар на продукти и услуги на Банката наменети за компании од малопродажниот сегмент;
- Следење на динамиката на соработка и детектирање на можности за унапредување на степенот на соработка
- Проактивна посета и менаџирање на деловни релации со компаниите;
- Градење, одржување и унапредување на односите со клиентите;
- Промовирање на производите на Банката и можностите за нивно користење во продажниот процес на компаниите;
- Подигнување на свесноста за користење на финансиски продукти како инструмент за плаќање;
- Изготвување на извештаи околу продажбата и состојбата на пазарот.
Твојот профил:
- Универзитетско образование;
- Претходно работно искуство од 2 години во сегмент на централизирана продажба на сервиси на електронска продажба, ПОС услуга, развој и унапредување на дигитални сервиси на Банката;
- Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
- Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација / исполнување на цели;
- Аналитички вештини и напредно познавање/користење на дигитални аналитички алатки;
- Способност за тимска работа;
- Изразена ориентираност кон клиентите и обезбедување на висок степен на задоволство кај клиентите;
- Преференција кон извршување на работни задачи на терен;
- Способност за работа во динамична околина и одговорен пристап кон целосна реализација на продажните цели;
- Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
- Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
- Конкурентен пакет на плата и бенефиции.
Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 07.12.2021 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe за работно место Соработник за возен парк и одржување на возила и имот во Дирекцијата за административна подршка во Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје