Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Деловниот сектор за корпоративно банкарство и ви нуди можност за работа во окружување каде главен фокус е управувањето со динамичните процеси, обезбедување на постојана насоченост кон клиенти како и континуирано зголемување на клиентската база на Банката во сегментот на кредитирање на големи претпријатија.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

Банкарски комерцијалист за личен третман

Твоите цели:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски и финансиски продукти и услуги на правни лица;
  • Остварување на продажните цели и резултати со цел зголемување на пазарното учество, портфолиото и конкурентската предност на Банката;
  • Обработка на доставени барања за кредитна изложеност врз база на претходно изготвена финансиска и кредитна анализа;
  • Управување со целокупното портфолио на клиентите;
  • Следење и грижа за работењето на клиентите и наплата на нивните побарувања;
  • Учество во евалуација, структуирање, координинација на проектен тим и целосна реализација на проектно финансирање кај поголеми развојни проекти.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство од 2 години во сегментот на кредитирање на правни лица;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
  • Способност за тимска работа, одлучување, самоиницијативност, организациски и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик, како и стручно/напредно користење на MS Office.

Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk најдоцна до 02.11.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју. НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите. Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно