Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за ризици, евалуација и контрола и ви нуди можност за работа во динамична средина со можност за стекнување на нови знаења и искуства како и постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот на управување на глобалниот ризик, креирање на Risk модели, управување со податоците поврзани со управување со ризици.

Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвиците, НЛБ Банка Ве поканува да се пријавите на отворената работна позиција:

Финансиски аналитичар

Твоите цели за работно место Финансиски аналитичар:

  • Подготовка на извештаи од областа на управување со кредитни ризици;
  • Следење на законската регулатива од областа на управувањето со ризици;
  • Изработка на класификација на активата на банката и модели за класификација на клиентите;
  • Автоматизација на извештаи за следење на изложеност.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Претходно работно искуство во областа на управување со кредитни ризици или во делот на ревизија од областа на кредитни ризици со минимум 1 год;
  • Подготвеност за креативно и иновативно размислување;
  • Напредни комуникациски и организациски вештини;
  • Способност за тимска работа, самоиницијативност и аналитички вештини;
  • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.

Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 17.10.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

НЛБ Банка е работодавач кој нуди еднакви можности за сите.
Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е еден од најсилните брендови на македонскиот финансиски пазар. Преку ефикасно нудење на сите банкарски услуги, создава вредност за своите клиенти, акционери и вработени. Водени од сопствената визија за водечка банка во регионот, својот широк асортиман на производи банката го нуди насекаде во земјата преку широката мрежа на филијали. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица заинтересирани за работно место Дипломиран Правник – Соработник за правни работи во Дирекцијата за правни работи во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана е како прва банка во државата во 1944 година која ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно