Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Нептун Македонија

Објавено

на

НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради зајакнување и развој на маркетинг секторот, распишува оглас за вработување на:

Маркетинг координатор

Со место на вршење на работните задачи во Скопје– 2 позиции

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

• Степен и вид на образование: ВСС (предност маркетинг, е-бизнис);
• Минимум 2 години релевантно работно искуство;
• Искуство во дигитално рекламирање, онлајн комуникација и активности на социјалните медиуми
• Одлично познавање на работа со MS Office;
• Одлично познавање на Англискиот јазик (усно и писмено);
• Добри комуникациски вештини;
• Систематичност, организираност, иницијативност;
• Флексибилност, креативност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
• Способност за работа под временски притисок и истовремена координација на повеќе проекти
Одговорности и работни задачи:

• Собирање понуди и комуникација со медиуми за маркетинг активности организирани од страна на компаниите Нептун и Неп Лојалити;
• Креирање буџети и концепти со канали за комуникација на маркетинг активности;
• Планирање, осмислување и реализација на дигитални маркетинг кампањи како поддршка за промоција на услугите и производите кои ги нудат компаниите;
• Искуство со работа на платформите: Google AdWords, Google Analytics и Facebook Ads Manager;
• Пожелно е искуство со огласување на локални веб портали;
• Е-маил и Мобилен маркетинг;
• Контент маркетинг;
• Анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали;
• Разбирање и толкување на резултатите од дигитални кампањи и нивно презентирање во форма на извештај;
• Координaција со oдделот за управување со продукти во Нептун и партнерите трговци во мрежата на Неп Лојалити и прибирање информации потребни за изработка на материјали за потребите на кампањите како и координација и контрола при изработка на истите;
• Координaција со локални и странски добавувачи;
• Доставување информации до продавниците за и околу промотивните активности, координирање на дистрибуцијата на промотивните материјали до продавниците;
• Учество во дизајн и администрирање на веб-страната на Нептун и Неп Лојалити во консултација со систем и веб администраторот.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за маркетинг координатор”.

Огласот е активен до 07.02.2018 година

Општи правила за аплицирање:

• Именување на документ за аплицирање – CV (име и презиме на апликантот)
• Назнака на позицијата за која се аплицира
• Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Компании

Оглас за вработување во ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, дел од групацијата за финансиско советување WVP Group од Грац, Австрија, е лидер на пазарот во Македонија по средства под управување (90+ милиони евра) и повеќе од 6.700 инвеститори во инвестициските фондови и услугата управување со средства на индивидуални клиенти (Wealth Management). ВФП Фонд Менаџмент е прво друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови кое од оваа година влегува и во бизнисот со управување со доброволни пензиски фондови преку регистрирање на четвртиот доброволен пензиски фонд на пазарот, ВФП отворен доброволен пензиски фонд – Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:* (more…)

Продолжи со читање


Популарно