Банки
Оглас за вработување во Народна банка на Република Македонија


Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7, 23 став 1 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија распишува
ОГЛАС за вработување 3 извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време
1.Еден извршител на работно место „статистичар“ во Рефератот за кредитни работи и платен промет со нерезиденти во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики, еден извршител на работно место „статистичар II степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики и еден извршител на работно место „самостоен советник аналитичар“ во Отсекот за изготвување и објавување податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.
2.Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, покрај општите законски услови за засновање на работен однос, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
– За работните места „статистичар“ во Рефератот за кредитни работи и платен промет со нерезиденти и „статистичар II степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки најмаку 180 ЕКТС кредити (VIБ), најмалку 2 година работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
-За работно место „самостоен советник аналитичар“ во Отсекот за изготвување и објавување податоци за екстерни статистики во Дирекцијата за статистика да имаат: завршено високо образование од областа на економските науки најмаку 240 ЕКТС кредити (VIА), најмалку 4 година работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавања од областа на работењето на Народната банка.
3.Кандидатите за работните места од точка 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, диплома или уверение за завршено соодветно високо образование од областа на економските науки, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија.
4.Работното време, во работната недела, започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
5.Со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на пробна работа во времетраење од 1 месец.
Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место статистичар во Рефератот за кредитни работи и платен промет со нерезиденти во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики ќе изнесува 21.479,00 денари.
Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место „статистичар II степен“ во Рефератот за портфолио, директни инвестиции и трговски кредити во Отсекот за прибирање податоци за екстерни статистики ќе изнесува 22.926,00 денари.
Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место самостоен советник аналитичар во Отсекот за изготвување и објавување податоци за екстерни статистики ќе изнесува 26.367,00 денари.
6.Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
7.Изборот на работникот кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
8.Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
9.Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Македонија.
Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Македонија, Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe за работно место Соработник за возен парк и одржување на возила и имот во Дирекцијата за административна подршка во Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на две лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје