Државна администрација
Оглас за вработување во Народна банка на Република Северна Македонија

Народната банка на Република Северна Македонија објавува
O Г Л A C
за вработување 2 извршители во Народната банка на Република Македонија, на неопределено време
1. Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на двајца извршители на неопределено време, и тоа: 1 извршител на работно место „Секретар“ во Кабинетот на гувернерот и 1 извршител на работно место „Помлад сметководител“ во Рефератот за пресметковни и готовински работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола.
2. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се држајани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
3. Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 на оваа oдлука, покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
За работното место „Секретар“ во Кабинетот на гувернерот:
- да имаат завршено средно образование во траење од 4 години,
- да бидат со или без работен стаж,
- да имаат познавање на англиски јазик,
- работа со компјутер,
- да имаат познавања на канцелариско и архивско работење.
За работното место „Помлад сметководител“ во Рефератот за пресметковни и готовински работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола:
- да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
- да бидат со или без работен стаж,
- да имаат познавање на англиски јазик,
- работа со компјутер,
- сметководствени работи,
- законска регулатива поврзана со даноци и плати и познавања од областа на работењето на Народната банка.
Кандидатите за работното место помлад сметководител во Рефератот за пресметковни и готовински работи во Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на сметководствените работи, законската регулатива поврзана со даноци и плати и работењето на Народната банка.
4. Кандидатите за работните места од точкa 1 треба да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија, потврда од надлежен орган на Република Северна Македонија за неизречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование (согласно со условите за секое работно место), доказ за познавање англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за работен стаж (доколку го имаат) од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.
5. Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.
6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места, а кои немаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење приправнички стаж во времетраење од најмногу 1 година, а со кандидатите кои имаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 4 месеци.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 3 алинеја 1 изнесува 33.870,00 денари, а за алинеја 2 изнесува 38.641,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 3 алинеја 1 за време на приправничкиот стаж изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 23.946,00 денари, а за работното место од алинеја 2 изнесува 27.292,00 денари.
Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 3 алинеја 1 за време на пробната работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 17.334,00 денари, а за работното место од алинеја 2 изнесува 19.721,00 денари.
7. Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
8. Изборот на кандидатите кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
9.Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.
10.Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.
Пријавата и потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1 – Скопје.
За повеќе информации на следниов ЛИНК.
Државна администрација
Оглас за вработување во Агенција за супервизија на осигурување

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 262/2020
Државна администрација
Оглас за вработување во Министерство за економија

- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!