Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено

на

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 1, 22 став 1 точка 1, 23 став 1, 56 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7 и 8, 23 став 1, 27 и 30 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС

за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија, на неопределено време 

Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на 6 извршители на неопределено време и тоа:

– 1 извршител на работно место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ-услуги во Дирекцијата за информациска технологија;

-1 извршител на работно место „помлад организатор“ во Отсекот за ИТ инфраструктура во Дирекцијата за информациска технологија;

-1 извршител на работно место „помлад систем инженер “ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС во Дирекцијата за информациска технологија;

-2 извршители на работно место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија; и

1 извршител на работно место „статистичар за ИТ поддршка“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика.

Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: 

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 на оваа oдлука, покрај општите услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

За работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за ИТ-услуги воДирекцијата за информациска технологија да имаат:

  • завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
  • да бидат со или без работен  стаж,
  • познавање на англиски јазик, 
  • ITIL, MS Windows оперативни системи,
  • мрежна околина,
  • хардвер (компјутери, принтери, скенери итн.), 
  • апликации за канцелариско работење (MS Office) и
  • познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања за ITIL, MS Windows оперативни системи, мрежна околина, хардвер (компјутери, принтери, скенери итн.), апликации за канцелариско работење (MS Office).

За работното место „помлад организатор“ во Отсекот за ИТ инфраструктура во Дирекцијата за информациска технологија да имаат:

  • завршено средно училиште во траење од 4 години (пожелно информатичка насока),
  • да бидат со или без работен стаж,
  • познавање на англиски јазик, 
  • работа со компјутер, 
  • кориснички оперативни системи (MS Windows), 
  • серверни оперативни системи (MS Windows Server), 
  • мрежно поврзување (TCP/IPS,  Cisko IOS firewall, switch, IDS/IPS, switch,  LAN, WAN,…),
  • софтверски алатки за канцелариско работење (MS Office).

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од кориснички оперативни системи (MS Windows), серверни оперативни системи (MS Windows Server), мрежно поврзување (TCP/IPS,  Cisko IOS firewall, switch, IDS/IPS, switch,  LAN, WAN,…), софтверски алатки за канцелариско работење (MS Office).

За работното место „помлад систем инженер“ во Отсекот за надзор и сигурност на ИС во Дирекцијата за информациска технологија да имаат:

  • завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
  • да бидат со или без работен  стаж,
  • познавање на англиски јазик,
  • работа со компјутер и
  • познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења за работа со компјутер.

За работното место „помлад програмер“ во Отсекот за програмирање во Дирекцијата за информациска технологија да имаат:

  • завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
  • да бидат со или без работен  стаж,
  • познавање на англиски јазик,
  • работа со компјутер,
  • владеење на Microsoft развојна околина,
  • работа со бази на податоци MS SQL сервер и
  • познавање од  областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од Microsoft развојна околина, работа со бази на податоци MS SQL сервер.

За работното место „статистичар за ИТ поддршка“ во Отсекот за изготвување и објавување екстерни статистики во Дирекцијата за статистика да имаат:

  • завршено факултет од областа на информатичките науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
  • да бидат со најмалку 2 години работен стаж,
  • познавање на англиски јазик,
  • работа со компјутер и
  • познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања од областа на работењето со компјутер.

Кандидатите за работните места од точкa 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија, потврда од надлежен орган на Република Северна Македонија за неизречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование (согласно барањата за секое работно место), доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање работа со компјутери, доказ за работен стаж од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.

Работното време, во работната недела за работните места од точка 1 алинеи  2, 3, 4 и 5 започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часотдодека за работнoто место од точка 1 алинеја 1 изнесува 8 часа дневно, а започнува од 7,00 часот и завршува во 21,00 часот во зависност од распоредот на работното време.

Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места, а кои немааат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 1 година, а со кандидатите кои имаат работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење на пробна работа во времетраење од 4 месеци.

Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеи 1, 3 и 4 ќе изнесува 38.641,00 денари, за работното место од точка 1 алинеја 2 ќе изнесува 25.213,00 денари, а за работното место од точка 1 алинеја 5 ќе изнесува 42.364,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеи 1, 3 и 4 за време на приправничкиот стаж, изнесува 70% од основната (нето) плата и ќе изнесува 27.292,00 денари, за работното место од точка 1 алинеја 2 ќе изнесува 17.895,00, a за работното место од точка 1 алинеја 5 ќе изнесува 29.894,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 алинеи 1, 3 и 4 за време на пробната работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и ќе изнесува 19.721,00 денари, за работното место од точка 1 алинеја 2 ќе изнесува 13.008,00 денари, a за работното место од точка 1 алинеја 5 ќе изнесува 21.583,00 денари.

Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Ненавремената и некомплетна документација нема да биде разгледувана.

Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.

Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.  

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на експозитура Пробиштип

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Стручен соработник – проценител на неопределено време. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.  Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange