Банки
Оглас за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија


Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на еден извршител на определено време на работно место хигиеничар почетен степен во Рефератот за тековно и инвестициско одржување на објектите во Отсекот за техничко одржување во Дирекцијата за техничко одржување, обезбедување и архива.
Кандидатoт коj ќе заснова работен однос на работнoтo местo, треба да ги исполнува следниве општи услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да е полнолетeн,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Покрај општите услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:
- завршено основно или средно образование во траење од 4 години и
- да бидат со или без работен стаж.
Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.
Кандидатите за работното место хигиеничар почетен степен во Рефератот за тековно и инвестициско одржување на објектите потребно е да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Рeпублика Северна Македонија, потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) за неизречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование, доказ за работен стаж доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.
Сите докази, потврдата, дипломата или уверението за завршено образование, може да бидат доставени во копија.
Работното време, во работната недела за работното место хигиеничар почетен степен започнува во 7,00 часот, а завршува во 15,00 часот.
Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатот коj ќе заснова работен однос на работното место хигиеничар на оваа одлука, а кој нема работен стаж, ќе се склучи договор за вработување со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци, а со кандидатот кој има работен стаж, a кој за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување со вршење на пробна работа, во траење од 2 месеци.
Висината на основната (нето) плата на работникот за време на приправничкиот стаж, ќе изнесува 13.386,00 денари, а по завршување на приправничкиот стаж ќе изнесува 18.770,00 денари.
Висината на основната (нето) плата на работникот за време на пробната работа, ќе изнесува 8.466,00 денари, а по завршување на пробната работа ќе изнесува 18.770,00 денари.
Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.
Изборот на работник кој ќе заснова работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.
Ненавремената и непотполната документација нема да биде разгледувана.
Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.
Пријавата со потребната документација да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1, Скопје.
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на три лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:
Референт за обезбедување – Скопје (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!