Connect with us

Државна администрација

Оглас за вработување во МАНУ – плата 44.702 денари

Објавено

на

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) врз основа на член 23 од Законот за работни односи објавува

КОНКУРС
за избор на Секретар на Секретаријатот на МАНУ

1. Секретар на Секретаријатот на МАНУ
Покрај општите услови предвидени во Закон, кандидатот треба да ги исполнува и следните посебни услови:
– високо образование, ниво на квалификации VI А, 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен или магистратура ниво на квалификации VII, 300 кредити според ЕКТС или завршен VII/2 степен;
– најмалку 5 (пет) години работно искуство од областа;
– покажани организаторски способности;
– активно владеење на еден светски јазик.

Неделното работно време е од понеделник до петок, 8 работни часа (7.00 – 15.00 часот).
Висината на основни месечни нето примања за наведеното работно место изнесува 44.702,00 денари.

Покрај горенаведените посебни услови, предвидени во Статутот на Македонската академија на науките и уметностите и во Правилникот за организација и систематизација на работните места во Македонската академија на науките и уметностите, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување:
– да е државјанин на Република Македонија,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност и
– да не му е изречена казна со правосилна судска пресуда за забрана на вршење професија, дејност или должност.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават мотивационо писмо, лична биографија (CV) на македонски јазик, докази за исполнување на посебните услови и Уверение за државјанство.

Документите се поднесуваат во оригинал или во копија заверена на нотар.
Со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат условите за наведеното работно место ќе се спроведе поединечно интервју.
Изборот ќе се изврши во рок согласно член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Пријавите со документи за ислолнување на условите се доставуваат на адреса: Македонска академија на науките и уметностите, Бул. „Крсте Мисирков” бр. 2
– Сколје, телефон за контакт (02) 3235 400, во рок од 5 (пeт) работни дена од објавувањето на јавниот оглас. Условите наведени во конкурсот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот иа пријавувањето.

Некомплетни и ненавремени доставени документи нема да се разгледуваат.

Огласот е активен до 22.02.2018 година

Државна администрација

Оглас за вработување во Јавното претпријатие за државни патишта

Објавено

на

Јавното претпријатие за државни патишта, со седиште на ул. „Даме Груев” број 14, во Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на работници на определено време (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување на директор на Централен регистар на РМ

Објавено

на

Врз основа на член 6 од Законот за Централен регистар на РМ (Службен весникна Р. Македонија 50/2001, 49/2003, 109/2005, 88/2008, 35/2011, 43/2014, 199/2014, 97/2015, 153/2015 и 27/2016), а во врска со Решението на Управниот одбор на Централниот регистар на Република Македонија број, 02013/6 од
2. 2. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува: (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Оглас за вработување во Стопанската комора на Македонија

Објавено

на

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13 и 187/13, 113/14,20/2015, 33/2015, 72/2015; 129/2015 и 27/2016), Стопанската комора на Македонија, објавува (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange