Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Оглас за вработување во Македонски Телеком АД Скопје

Објавено

на

Македонски Телеком АД Скопје објавува 

Оглас за ангажирање на стручно лице во  Служба за сајбер безбедност и заштита на податоци

во

Сектор за ИТ во Област на Главниот директор за техника и ИТ

Работно место: Соработник за телекомуникациска безбедност

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место

Услови:
– Високо или Вишо образование , Технички факултет – Електротехника, Информациски технологии, Информатички науки и компјутерско инженерство, Природно математички факултет – Институт за Информатика или друг технички факултет
– Познавање на безбедносни и мрежни технологии
– Искуство со мрежни системи, firewall, ACL, NAT, VPN, proxy ќе се смета за предност
– Искуство со администрација на оперативни системи и бази на податоци ќе се смета за предност
– Искуство со безбедносни евалуации на апликации ќе се смета за предност
– Активно познавање на англиски јазик

Работни задачи:
– Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура која ќе овозможи сигурно и непрекинато функционирање на сите ИТ и НТ системи и сервиси, превенција на упади и неовластен пристап и користење на системи/ информации
– Да учествува во управувањето со соодветна безбедносна инфраструктура и процеси која ќе овозможи имплементација на политиките за безбедност на DT, MT и компанијата, како и усогласеност со локалната законска регулатива
– Да го контролира оперирањето, одржувањето, надградбата, и конфигурацијата на безбедносната опрема и имплементацијата на барањата согласно со корпоративните безбедносни политики
– Учествува во имплементација на сигурност базирана на проценка на ризикот, преку редовно изведување проценки на ризик во ИТ апликациите и проектите

Способности и вештини:
Одлични организациски и комуникациски способности, контрола на процеси, аналитички способности и способност за решавање на проблеми, самодоверба, одлични вештини за пишување на извештаи, способност за работа под притисок, способност за работа со кратки крајни рокови, тимска работа.

Сите заинтересирани, својата биографија може да ја достават електронски на апликацијата на следниот линк или истата да ја испратат на следната адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за – Соработник за телекомуникациска безбедност

Огласот е објавен на ден 08.02.2019 година и ќе трае до 19.02.2019 година.

Лице за контакт: Соња Каргова телефонски број 3 242-602
Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00,

Минимумот на предвидената вкупна нето плата со вклучена компаниска стимулација за ова работно место е во висина од 25.583,00 денари.

Висината на платата ќе биде определена согласно работното искуство, компетенциите и покажаните вештини со кој располага кандидатот

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени в предвид.

Компании

Оглас за вработување во Кроациа осигурување – Живот

Објавено

на

КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот Скопје, прва и водечка компанија во полето на осигурување на Живот во Р. Македонија објавува ОГЛАС за вработување на 1 работник на работно место: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Апаве СЕЕ

Објавено

на

АПАВЕ СЕЕ е компанија која се занимава со услуги кои опфаќаат техничка инспекција и Испитување без разорување во сектор на нафтената индустрија (Oil & Gas). Кадарот на вработени во компанијата опфаќа круг на специјализирани инженери кои работат на проекти (техничка инспекција) претежно низ Европа, Западна Африка и Југоисточна Азија. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ИутеКредит Македонија

Објавено

на

The fastest and most comfortable loan provider IuteCredit Europe for its operations in Skopje, Macedonia is looking for:

OPERATIONS SPECIALIST (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange