Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Македонска берза АД Скопје

Објавено

на

Македонска берза е организирана како приватно акционерско друштво со учество на домашните и странски физички и правни лица во сопственоста на компанијата, при што доминантни акционери се неколку банки. Берзата веќе 25 години е единствен оператор на македонскиот пазар на хартии од вредност и има за мисија постојан развојот на овој сегмент од финансискиот пазар.

Берзата располага и управува со развиен и хетероген ИТ систем преку којшто обезбедува транспарентен, безбеден, економичен и ефикасен пазар на хартии од вредност и испорака на највисок квалитет на услугите со цел да ги задоволи потребите на акционерските друштва, инвеститорите во хартии од вредност, брокерите и сите други стејкхолдери.

Електронскиот систем за тргување со хартии од вредност што го обезбедува и одржува Берзата овозможува запознавање со карактеристиките и перформансите на развиените системи за берзанско работење во меѓународни рамки и нуди можност и предизвик за континуирана професионална надградба и следење на најновите технологии во оваа област.

Опис на работата:

Македонска берза е во потрага по Junior .NET developer за да се приклучи на ИТ тимот со цел развој на функционални апликации и web страници.

Одговорности
•    Асистирање на Директотот во Дирекцијата за информатичка и техничка поддршка во сите аспекти на креирање и дизајнирање на софтвер
•    Пишување и одржување на код.
•    Следење на техничките перформанси на внатрешните системи.

Потребни познавањa
•    Завршено високо образование во областа на информатичка технологија;
•    Основно работно искуство во областа на информатичка технологија;
•    Познавање на основни јазици за кодирање, вклучувајќи C #, HTML5 и JavaScript;
•    Одлично познавање на:
-Microsoft .Net 5
-ASP.Net Core MVC framework
-Visual Studio
-C#
-SVN
-Microsoft SQL Server 2008 ++
•    Способност за брзо учење на нов софтвер и технологија;
•    Способност за следење на упатства и работење во тимско опкружување;
•    Познавање на англиски јазик;

Компанијата нуди:

  • Соодветна и редовна заработувачка;
  • Континуирано учење, тренинг и професионален раст;

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Македонска берза, Вашата биографија (CV) пратете ја на следниов e-mail: jobs@mse.org.mk или mse@mse.org.mk.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

Компании

Онлајн купување и пари назад

Објавено

на

Онлајн пазарувањето го упростивме го направивме сега поедноставен! Креиравме брз и практичен начин со кој не само можете да пазарувате преку интернет кај саканата онлајн продавница туку и да добивате предности. Имате можност да заштедите и време и пари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13.9.2021 година на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ “A” со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно,
профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано преземање ризици во осигурување, користење сигурна заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг “A” потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат над 160 милиони евра

Објавено

на

Во периодот септември 2021 – август 2022 година, 93,8 отсто од од приватните компании планираат инвестиции. Вкупниот планиран износ на инвестиции на овие компании изнесува 161.054.020 евра. Ова се податоците од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Северна Македонија меѓу своите членки, на тема „Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци ( септември 2021 – август 2022 година)”. (more…)

Продолжи со читање



Популарно