Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Оглас за вработување во Македонија2025

Објавено

на

Организацијата Македонија2025 е посветена на создавање на просперитетна економска клима во Република Македонија која ќе ги подобри можностите за граѓаните, домашните компании и странските инвеститори. Македонија2025 промовира одржлив економски раст преку поттикнување на конкурентноста, претприемништвото, иновациите и лидерството.

Заради остварување на мисијата на организацијата потребни се економисти кои се високо мотивирани, амбициозни и талентирани лица, со силни аналитички способности.

Во моментот, во Македонија2025 слободни се следните работни позиции:
Економски аналитичар/ Истражувач

Опис на работни задачи:

  • Да учествува во економските истражувања на Македонија2025,
  • да подготвува економски анализи и извештаи,
  • да учествува во подготовка на проектни апликации и
  • да дава административна поддршка на директорот во областа на истражувањето.

Освен општите услови предвидени со Закон, кандидатoт треба да ги исполнува и следните квалификации:

  • Магистратура во областите на економски развој, макроекономија, финансиски систем и сродни области, со просек од најмалку 8.50 (или еквивалент);
  • Познавање алатки за применета статистичка анализа и напредна компјутерска писменост;
  • Работно искуство во економско истражување (институционално или на проекти) од минимум 4 години;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, со минимално надгледување.

Предност ќе имаат кандидати со:

  • Работно искуство / пракса во странска истражувачка институција;
  • Завршен најмалку еден циклус на студии на странски универзитет.

За работното место се потребни следните лични карактеристики:

  • Аналитичност, прецизност и деталност во работењето;
  • Способност за јасно и концизно изразување при пишување;
  • Способност за синтеза, но и способност за контекстуализација (гледање на големата слика);
  • Способност за справување со повеќе разновидни задачи истовремено;
  • Креативност и само-иницијатива, желба за постојано учење и надградување на знаењето;
  • Екстровертност, со способност за појавување и говорење во медиумите;
  • Навременост и строго почитување рокови;
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа.

Начин на аплицирање:
Документите кои ги докажуваат горните барања да се достават по електронски пат на office@macedonia2025.com.

Документите треба да содржат најмалку:
– Професионална биографија;
– Мотивациско писмо (најмногу една страна);
– Референци од претходни работодавачи/проектни координатори;
– Пример за една економска анализа или публикација која е авторско или ко-авторско дело на кандидатот.

Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју.

Почеток и завршеток на работно време: Од 08:00/09:00 до 16:00/17:00 часот, од понеделник до петок.
Основна нето плата: 30.000 МКД

Рокот за доставување на апликаците е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Огласот е активен до 18.04.2019 година.

Компании

Банкарство.мк има потреба од Новинар / Веб едитор

Објавено

на

Нашиот тим има потреба од нов член со работна задача на позиција Новинар / Веб едитор. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Frontwise Group

Објавено

на

Frontwise Group is a Dutch company based in Skopje, which has been working in Macedonia for five years, mostly for the Dutch market. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange