Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, со седиште на Ул.Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 02.06.2020 година објавува оглас за пополнување на следната работна позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕМИСКО КНИГОВОДСТВО

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Евиденција на уплатите на сметките во благајните на Друштвото и распоредување според дозначената цел;
  • Вршење на уплати и исплати;
  • Контрола на навременоста на уплатата во благајната од страна на подружниците;
  • Објавување на дневната состојба на расположливите финансиски средства на Друштвото;
  • Соработување во усогласување на деловните книги со помошните евиденции и усогласување на аналитичките и синтетичките извештаи;
  • Контактирање со подружниците, продажните центри на Друштвото, застапниците и брокерите за појаснување и распределба на уплатите;
  • Останати активности по потреба на секторот за финансии.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Универзитетско образование – (Економија, Бизнис администрација ќе се смета за предност)
  • Познавање на работа со компјутер
  • Способност за тимска работа
  • Добра организација на време
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи

УСЛОВИ: 

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време од 40 часа неделно
  • Исплата на фиксна плата
  • Можност за напредување

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Доколку ги исполнувате барањата и сте заинтересирани за позицијата, аплицирајте со испраќање на Вашата професионална биографија (CV) на емаил: hr@crosig.mk, најдоцна до 10.06.2020 година со назнака: „Пријава за вработување – Референт за премиско книговодство”.

Компании

Оглас за вработување на Research Analyst во The Big Research Academy

Објавено

на

At Navis, our purpose is to improve the way the world selects its leaders. By equipping the world’s best search consultants with the latest technologies, data, and processes, we can empower them to make better, more informed recommendations to their clients and candidates. In this way, we directly impact the outcomes of leadership hiring, globally. Our product helps executive consultants manage their workflow and tap into time-saving services so that they can focus on what they do best – assessing and building relationships with candidates and companies. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Македонски Телеком оствари позитивен финансиски резултат во првата половина на 2022 година

Објавено

на

Според резултатите од работењето на компанијата во првата половина од 2022 година, Македонски Телеком и понатаму продолжува со раст и позитивни резултати и ја потврдува лидерска позиција на пазарот во повеќето сегменти. Приходите од продажбата се зголемени за 8,9 проценти во споредба со претходната година и изнесуваат 5,9 милијарди денари. Oперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ВФП АД Скопје оствари добивка од 33,7 милиони денари во 2021 година

Објавено

на

ВФП АД Скопје преку Македонска Берза објави финансиски податоци и податоци за дивидендатa за периодот 01.01.-31.12.2021 година. (more…)

Продолжи со читање


Популарно