Connect with us

Компании

Оглас за вработување во КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје

Објавено

на

Кроација осигурување АД Друштво за неживотно осигурување вработува:

Менаџер на филијали во Скопје

Потребни квалификации и способности:

  • ВСС/ССС
  • Минимум 2 години искуство во продажба во осигурителен сектор
  • Искуство во раководење со продажни филијали
  • Искуство во регрутирање и формирање на продажни тимови
  • Ориентираност кон продажни резултати
  • Одлични преговарачки и продажни вештини
  • Висока работна етика, коперативност, одговорност и организациски способности
  • Возачка дозвола – Б категорија

Одговорности:

  • Реализација на поставените годишни планови на Филијалите
  • Исполнување на планот за развој на нови продажни кадри
  • Регрутирање, тренинг и управување на продажни тимови
  • Градење и развивање на силна продажна мрежа преку регрутација на нови советници за осигурување
  • Одржување и развивање на корпоративниот имиџ на Друштвото преку зацврстување на врските со  клиентите
  • Организирање и координирање на продажните активности

Друштвото Кроација осигурување-неживот нуди:

  • Вработување со полно работно време
  • Атрактивна нето плата
  • Варијабилен дел како процент од продажба
  • Награден програм на месечно, квартално и годишно ниво
  • Одлична можност за професинален развој

Потребна документација:

  • CV биографија
  • Мотивационо писмо
  • Доказ за завршено образование

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги испратат на емаил: hr@crosig.mk со рок до 30.06.2021 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕНАЏЕР на филијали во Скопје”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или писмено ќе бидат повикани на разговор.

Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на Огласот за вработување

Компании

Онлајн купување и пари назад

Објавено

на

Онлајн пазарувањето го упростивме го направивме сега поедноставен! Креиравме брз и практичен начин со кој не само можете да пазарувате преку интернет кај саканата онлајн продавница туку и да добивате предности. Имате можност да заштедите и време и пари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав ја задржа цврстата капитална позиција и високата добивка за време на пандемијата

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во продолжение S&P, или агенција), по извршениот редовен годишен преглед, на ден 13.9.2021 година на Групацијата Триглав, а со тоа и на нејзиното матично друштво и на друштвото ќерка Позаваровалница Триглав РЕ, повторно им ги потврди долгорочната кредитна оценка и бонитетната оценка на финансиска моќ “A” со стабилна среднорочна прогноза. Високиот рејтинг е одраз на солидната капитализираност на Групацијата Триглав и на нејзиното стабилно,
профитабилно работење, поддржано од дисциплинирано преземање ризици во осигурување, користење сигурна заштита преку реосигурување и економијата на опсег, како и други предности на доминантната пазарна позиција во регионот и во Словенија. Кредитниот рејтинг “A” потекнува исклучиво од самостојниот профил на кредитен ризик на Групацијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Во следните 12 месеци приватните компании планираат да инвестираат над 160 милиони евра

Објавено

на

Во периодот септември 2021 – август 2022 година, 93,8 отсто од од приватните компании планираат инвестиции. Вкупниот планиран износ на инвестиции на овие компании изнесува 161.054.020 евра. Ова се податоците од анкетата што ја спроведе Стопанската комора на Северна Македонија меѓу своите членки, на тема „Инвестиции на компаниите членки на СКСМ во следните 12 месеци ( септември 2021 – август 2022 година)”. (more…)

Продолжи со читање



Популарно