Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

Кроациа Осигурување Живот е компанија која што секојдневно вложува во развојот на своите вработени, знаејќи дека самите тие претставуваат најзначајните ресурси.

Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје има потреба од следната работна позиција:

МЕНАЏЕР ЗА ВЛОЖУВАЊЕ

Потребни квалификации:

  • ВСС;
  • За предност ќе се смета искуство во финансиска институција;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office,  Excel & Power Point;
  • Возачка дозвола – Б категорија;
  • Вештини за менаџирање со време и мултитаскинг.

Одговорности и задачи:

  • Изготвување и издавање на извештаи согласно потребите за вложување и инвестиции;
  • Подготовка на неделни извештаи за реализација;
  • Истражување на пазарот, потребите на целните групи и конкуренцијата;
  • Анализа на можностите за пласирање на средства согласно законски прописи;
  • Доставување на извештаи согласно законска регулатива на осигурување за обемот на капитал, потребното ниво на маргина на солвентност, износ на технички резерви, вредност на средства кои ги покриваат техничките резерви,
  • Видови вложувања и локализација на средства,  видови вложувања и локализација на капиталот,
  • Обезбедување на информации за финансиската состојба, успешноста и паричните текови на друштвото,
  • Резултати од работењето и управување со доверени средства.

Сите заинтересирани кандидати чии квалификации ги исполнуваат условите и потребите на компанијата, апликациите да ги испратат на следната e-маил адреса: contact@cro.mk, со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЕНАЏЕР ЗА ВЛОЖУВАЊЕ”, најдоцна до 08.11.2019 година.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или писмено ќе бидат повикани на разговор.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување Живот АД Скопје – Друштво за осигурување на живот.

Компании

Оглас за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис)

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг. (more…)

Продолжи со читање

Популарно