Компании
Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на живот Скопје

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 25.11.2020 година распишува
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:
Финансиски советник за животно осигурување
Критериуми за аплицирање:
- Искуство во продажба (ќе се смета за предност)
- Искуство во комуникација со клиенти
- Изразени комуникациски способности
- Способност за тимска работа и организација на време
- Познавање на работа во Microsoft Office
- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи
- Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.
Услови:
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време – неделното работно време е 40 часа во Скопје.
- Исплата на фиксна плата + варијабилен дел од остварена продажба
- Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план;
Работните задолженија вклучуваат:
- Активна комуникација со потенцијални клиенти
- Организирање и водење на продажни разговори
- Евиденција на реализирани продажби
- Дневни и неделни средби на тимот каде припаѓа
- Редовно подготвување на планови за работа, следење на работни резултати
- Учество во подготовка на извештаи останати потребни акти кои се поврзани со работењето
Потребна документација:
Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите со работна биографија (CV) може да ги испратат на емаил: kariera@cro.mk, со назнака: Пријава за вработување – Финансиски советник за Животно Осигурување, најдоцна до 03.12.2020 година.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, сè додека не ја контактирате компанијата за да ја повлечете вашата согласност.
Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на компанијата, ќе бидете повикани на разговор.
Компании
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)
Компании
АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)
Компании
ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство