Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот

Објавено

на

Врз основа на член 22 став 2. и член 23. став 2. од Законот за работни односи, Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 05.10.2020 година распишува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ:

Финансиски советник за животно осигурување

Критериуми за аплицирање:

  • Искуство во продажба (ќе се смета за предност)
  • Искуство во комуникација со клиенти
  • Изразени комуникациски способности
  • Способност за тимска работа и организација на време
  • Познавање на работа во Microsoft Office
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи
  • Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија

Услови:

  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време – неделното работно време е 40 часа во Скопје
  • Исплата на фиксна плата + варијабилен дел од остварена продажба
  • Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план

Работните задолженија вклучуваат:

  • Активна комуникација со потенцијални клиенти
  • Организирање и водење на продажни разговори
  • Евиденција на реализирани продажби
  • Дневни и неделни средби на тимот каде припаѓа
  • Редовно подготвување на планови за работа, следење на работни резултати
  • Учество во подготовка на извештаи останати потребни акти кои се поврзани со работењето

Потребна документација:

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите со работна биографија (CV) може да ги испратат на емаил: kariera@cro.mk, со назнака: Пријава за вработување – Финансиски советник за Животно Осигурување, најдоцна до 14.10.2020 година.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи.

Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, сè додека не ја контактирате компанијата за да ја повлечете вашата согласност.

Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на компанијата, ќе бидете повикани на разговор.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно