Компании
Оглас за вработување во Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот

Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот со седиште на Ул. Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 13.07.2020 година распишува:
МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ
ВО ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА
КРИТЕРИУМИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ:
- Задолжително искуство во продажба и раководење со тим;
- Изразени менаџерски способности;
- Изразени комуникациски способности;
- Искуство во комуникација со клиенти;
- Познавање на работа во Microsoft Office;
- Способност за тимска работа и организација на тимски активности;
- Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи;
- Поседување на дозвола за управување на моторно возило од Б категорија.
УСЛОВИ:
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време – неделното работно време е 40 часа во Скопје;
- Исплата на фиксна плата + варијабилен дел од остварена продажба;
- Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план.
РАБОТНИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА ВКЛУЧУВААТ:
- Редовно подготвување на планови за работа на тимот;
- Организирање, координирање, мониторинг на членовите во тимот;
- Редовно следење и известување за работни резултати;
- Дневни и неделни средби на тимот каде припаѓа;
- Евиденција на реализирани продажби лични и на тимот;
- Активна комуникација со потенцијални клиенти;
- Организирање и водење на продажни разговори;
- Учество во подготовка на извештаи останати потребни акти кои се поврзани со работењето.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Кроациа Осигурување АД – Друштво за осигурување на Живот ги охрабрува кандидатите да испратат Работна Биографија (CV), најдоцна до 22.07.2020 година на емаил адреса: kariera@cro.mk, со назнака: Пријава за вработување – Менаџер за продажба на Животно Осигурување во интерна продажна мрежа.
Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, сè додека не ја контактирате компанијата за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на потребите на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје, ќе бидете повикани на разговор.
Компании
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)
Компании
АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)
Компании
ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје