Компании
Оглас за вработување во Кроациа Осигурување/Неживот


Кроациа Осигурување/Неживот објавува оглас за пополнување на следната работна позиција
ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР
Потребни квалификации:
- ВСС- Економски факултет;
- Лиценца за внатрешен ревизор;
- Одлично познавање на MS Office;
- Познавање на анлиски јазик.
Опис на работни задачи:
- Утврдува дали Друштвото ги извршува работите на осигурување во согласност со Законот за супервизија во осигурувањето;
- Утврдува дали Друштвото ги извршува работите согласно внатрешните прописи на Друштвото со кои се уредува работењето на Друштвото;
- Утврдува дали Друштвото води трговски книги;
- Подготвува годишни извештаи и ги вреднува ставките во годишните пресметки;
- Најмалку два пати годишно подготвува извештај за спроведена внатрешна ревизија, со содржина и во форма согласно со Законот;
- Изработува годишна програма за внатрешна ревизија која содржи области од работењето на Друштвото на кои ќе врши ревизија со опис и содржина на планирани оперативни ревизии на одделни области во работењето;
- Изработува годишен план за работа на внатрешната ревизија;
- Ги следи законите и прoмените во законите од областа на осигугувањето;
- Ја информира јавноста за податоците од годишниот извештај согласно со Законот и внатрешните прописи на Друштвото.
Вештини:
- Способност за организација и контролирање на работата и обврските;
- Конструктивен пристап кон работни процеси, стратегии и цели;
- Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
- Позитивен ментален став;
- Подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег;
- Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.
Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: hr@crosig.mk.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите


Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје