Connect with us

Државна администрација

Оглас за вработување во Комисија за хартии од вредност

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност објави јавен оглас за вработување на  5 државни службеници од група I, подгрупа I во Комисија за хартии од вредност на Република Македонија за следните работни места:
1. КХВ0101Б03001 Координатор на организациона единица за општи и нормативни работи, Сектор за општи и нормативни работи(1) извршител(и)

Нето плата: 62.000,00 денари.

2. КХВ0101Б04002 Раководител на одделение за финансиски прашања(1) извршител(и)

Нето плата: 54.000,00 денари.

3. КХВ0101В01007 Самостоен советник за давање на дозволи и одобренија, Сектор за корпоративни финансии(1) извршител(и)

Нето плата: 54.000,00 денари.

4. КХВ0101В04001 Помлад инспектор за супервизија и надзор, Сектор за супервизија на пазарот на капитал(1) извршител(и)

Нето плата: 32.000,00 денари.

5. КХВ0101В02004 Виш советник за внатрешна ревизија, Одделение за внатрешна ревизија(1) извршител(и)

Нето плата: 46.000,00 денари.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува  15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Државна администрација

Оглас за вработување на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

Објавено

на

Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и бр. 110/2019), согласно Законот за стопанските комори, Стопанската комора на Македонија, објавува

ОГЛАС
за избор на извршен директор на Стопанската комора на Македонија

(more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

ЈП Водовод и канализација – Скопје овозможува пристап до своите услуги преку мобилната апликација

Објавено

на

ЈП Водовод и канализација – Скопје е секогаш во служба на своите корисници и граѓаните на градот Скопје. Следејќи ги трендовите на дигитализација, ЈП Водовод и канализација – Скопје, овозможува пристап до сите информации за претпријатието преку својата веб страна www.vodovod- skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и преку мобилната апликација достапна за Android и IOS. (more…)

Продолжи со читање

Државна администрација

Огласи за вработување во Министерство за финансии

Објавено

на

Врз основа на член 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Агенцијата за администрација објавува

(more…)

Продолжи со читање

Популарно