Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка.
Работна позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население во Филијалата во Куманово и во Филијалата во Битола.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 23.000,00 денари.
Огласот важи до 19.10.2022 година.
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет
- Понуда на депозитни производи
- Промоција и продажба на банкарски производи
- Брз трансфер на пари
- Менувачко работење
- Учество во промотивни кампањи
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки
- Со или без работно искуство
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност
- Прецизност во извршување на работните задачи
- Ориентираност кон потребите на клиентите
- Адаптибилност во динамична работна средина
- Комуникациски вештини за работа во тим
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции
- Доброволно приватно здравствено осигурување
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: vrabotuvanje@kb.com.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население-Филијала Куманово”.
Лице за контакт: Тамара Михајловска, тел: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Контакт-Центарот е современ телекомуникациски систем кој овозможува информации за производите и услугите кои ги нуди УНИБанка и целосна поддршка на клиентите. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје