Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице во Секторот за население. За таа цел, Банката објавува оглас за вработување на “Помлад соработник во експозитура”, во Експозитура Дебар, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот, и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 19.180,00 денари.

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од 29.10.2018 година, заклучно со 07.11.2018 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување во Експозитура Дебар’’.

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: 02 3168412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје отвори оглас за вработување на двајца извршители на позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник) во Филијала Прилеп на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје отвори оглас за вработување на Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население (благајник) во Филијала Тетово, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје отвори оглас за вработување на Помлад соработник – CASHIER во Одделение за оперативно работење, Самостојна дирекција за управување со мрежата на филијали, Комерцијална банка АД Скопје, 2 (дваjца) извршители на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange