Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население во филијалата на Банката во Гостивар.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 26.372,00 денари.
Огласот важи до: 09.03.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
- Понуда на депозитни производи;
- Промоција и продажба на банкарски производи;
- Брз трансфер на пари;
- Менувачко работење;
- Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
- Со или без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: vrabotuvanje@kb.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население – Филијала Гостивар“.
Телефон за контакт: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје