Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник – CASHIER во експозитурa на Банката во Скопје.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци.
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 28.670,00 денари.
Огласот важи до: 09.03.2023 година.
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
- Понуда на депозитни производи;
- Промоција и продажба на банкарски производи;
- Брз трансфер на пари;
- Менувачко работење;
- Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки;
- Со или без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: vrabotuvanje@kb.mk, или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник – CASHIER во експозитурите на Банката во Скопје“.
Телефон за контакт: (02) 3168-467
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имате желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година
- Интервјуапред 1 month
Очекувања 2023 година | САНЕЛ КУСТУРИЦА, ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ