Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.

Работна позиција: Самостоен стручен соработник за процена на имот и опрема.

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување на неопределено време.

Работно време: 40 часа неделно.

Почетна основна нето-плата42.800,00

Огласот важи до 03.04.2022 година

Работни цели и задачи:

  • Изработка на извештаи за процена на недвижен имот за потребите на Банката,
  • Работа на терен за вршење увид и обезбедување фотодокументација и податоци неопходни за изработка на извештајот за процена,
  • Комуникација со клиентите и останатите организациони единици во Банката за технички, процедурални и други прашања поврзани со колатералот,
  • Континуирано следење и анализа на движењата на пазарот на недвижности.

Потребни квалификации и способности:                           

  • Завршено високо образование од областа на техничките или економските науки со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Уверение за положен испит за проценувач од областа на недвижен имот,
  • Работно искуство во областа на процени на недвижен имот од најмалку 5 години,
  • Познавање на англискиот јазик и MS Office алатки,
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач,
  • Способност за самостојно работење и работа под притисок со крајни рокови,
  • Комуникациски вештини за работа во тим,
  • Висок личен интегритет, доверливост и чесност,
  • Прецизност во извршување на работните задачи,
  • Адаптибилност во динамична работна средина.

Поседување Уверение за положен испит за проценувач и од други области ќе се смета за предност.

Придобивки за Вас:

  • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
  • Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство,
  • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
  • Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.

Аплицирајте на: vrabotuvanje@kb.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Проценител за недвижен имот“.

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: (02) 3168-412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со околу 200 години групациско искуство и повеќе од 120.000 клиенти во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање


Популарно