Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје вработува 1 (еден) извршител на позиција Помлад соработник во експозитурата на Комерцијална банка АД Скопје во Македонски Брод, на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок: од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 19.117,00 денари.

Огласот трае заклучно со 01.05.2021 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална Банка АД Скопје- Експозитура Македонски Брод”.

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 02/3168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно