Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје вработува Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство на неопределено време.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет ВС VII/1 или најмалку 180 (ЕКТС) кредити,
  • Најмалку 3 години работно искуство,
  • Познавање на англиски јазик и работа со компјутери,
  • Познавање на финансиска анализа на нефинансиски правни лица,
  • Познавање од оценка на инвестициони проекти и кредитно портофолио,
  • Познавање на управување со кредитно досие (барање, кредитна анализа, препорака со предлог-одлука за одобрување/неодобрување на барањето) и комплетирање и ажурирање на документација во кредитно досие,
  • Компетенции (комуникациски вештини, аналитички и статистички вештини, приоретизирање и организирање во работата, остварување резултати и квалитет, тимска работа).

Предност ќе имаат вработени во банкарски институции.

Работно време: 40 часа неделно од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 36.694,00 денари.

Огласот трае заклучно со 03.09.2020 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и уверение за завршено образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување на Стручен соработник за односи со клиенти во Секторот за кредитирање на стопанство”.

Лице за контакт: Меглена Димитрова тел: 3-168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани. На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка Македонија

Објавено

на

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице заинтересирано за работно место Кредитен аналитичар во Scoring центар во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје објавува оглас за вработување на Референт во одделение за ИТ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно