Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје објавува оглас за вработување на 1 (еден) извршител на позиција: Помлад соработник (благајник) во  Експозитура Ресен на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање на англискиот јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Експозитурата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 19.200,00 денари.

Огласот трае заклучно со 26.07.2019 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од Диплома за завршено високо образование на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса  vrabotuvanje@kb.com.mkсо назнака: „Oглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје – Експозитура Ресен“.

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел.: 3-168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка Сосиете Женерал

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба.

Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

• Пуштање и запирање на DBE сесиите
• Менаџирање со SQL логови
• Управување со трансакции и заклучени слогови
• Управување со продукциски системи
• Извршување на скрипти, поставување на дневни процеси и извршување на SQL наредби за потреби на апликациски измени иницирани од страна на техничката бизнис анализа
• Се грижи и е одговорен за целосниот процес на архивирање на базите на податоци
• Одговорен е за конзистентноста на базите на податоци
• Одговорен е за развојот и индексирањето на базите на податоци, нивното мигрирање, мониторинг и инсталации на сигурносни надградби
• Одговорен е за сите барања поврзани со перформансите на базите на податоци
• Одговорен е за управување на сите барања поврзани со репликации на базите
• Одговорен е за управување со растот и големината на базите

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  •   ВСС (компјутерски науки/информатичка технологија)
  •   Познавање на Microsoft околина
  •   Солидно познавање на Англиски Јазик
  •   Тимски играч
  •   Вештини за решавање на проблеми
  •   Способност за почитување на строго дефинирани рокови

  •   Способност за давање приоритети и делегирање
  •   Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон постигнување резултати

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 05.09.2019 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Апликација за ИТ Администратор на база на податоци – Скопје/ Охрид“.

 

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена: Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање

Банки

Оглас за програма за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

ПроКредит Банка ви нуди можност за професионална кариера во германска банка веднаш по дипломирањето. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на Соработник за картично работење – Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange