Банки
Стани дел од тимот на Комерцијална банка АД Скопје…


Комерцијална банка како современа и пазарно ориентирана компанија посветува значајно внимание на своите човечки ресурси, сметајќи ги за еден од најзначајните фактори преку кои се определува конкурентноста на компаниите.
Инвестирањето во човечки ресурси, вложувањето во тимска работа и стручната едукација со цел нивен континуиран развој и унапредување на кариерата се клучен и континуиран приоритет на Банката.
Деловниот свет постојано се менува, а и Комерцијална банка се менуваме. Постојано нуди можности за динамична работа во креативна атмосфера. Доколку сакате да станете дел од тимот на Комерцијална банка АД Скопје, аплицирајте за вработување.
Активни огласи
Оглас за вработување на Помлади соработници (Cashier) во експозитури во Скопје – 15 извршители
Работна позиција: Помлад соработник (Cashier) во експозитурите на Банката во Скопје.
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци (со можност за трајно вработување).
Работно време: 40 часа неделно.
Почетна основна нето-плата: 25.000,00 денари.
Огласот важи до 11.02.2022 година.
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет
- Понуда на депозитни производи
- Промоција и продажба на банкарски производи
- Брз трансфер на пари
- Менувачко работење
- Учество во промотивни кампањи
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки
- Познавање на англиски јазик и MS Office алатки
- Со или без работно искуство (познавање на банкарските процеси ќе се смета за предност)
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност
- Прецизност во извршување на работните задачи
- Ориентираност кон потребите на клиентите
- Адаптибилност во динамична работна средина
- Комуникациски вештини за работа во тим
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: vrabotuvanje@kb.com.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник – Cashier”.
Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.
Банки
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје


Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Битола. (more…)
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје