Connect with us

Компании

Оглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

Објавено

на

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице – Стручен соработник за сметководство и финансии.

Работниот однос се основа на определено работно време од 6 месеци, со можност за негово продолжување.

Работното време е од 8 до 16 часот (40 работни часа), секој работен ден од понеделник до петок.

Висината на платата е предмет на договор.

Опис на работните обврски:

  • Сметководствено евидентирање на деловните промени во Друштвото и пензиските фондови;
  • Контрола на ликвидноста на Друштвото и пензиските фондови;
  • Подготовка на месечни, квартални и годишни извештаи;
  • Подготовка на ревизорски извештаи;
  • Подготовка на завршна сметка;
  • Подготовка на фиансиски планови и стратегии;
  • Останати работи по налог на претпоставените.

Потребни квалификации:

  • Дипломиран економист;
  • Работно искуство од 3-5 години во областа на финансиското сметководство;
  • Уверение за овластен сметководител.

Кандидатот е потребно да поседува:

  • Напредни вештини во MS Office;
  • Комуникациски вештини  усмени и писмени;
  • Проактивност, самоиницијативност и доверливост;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и лично усовршување.

Друштвото нуди флексибилна и пријатна работна средина, како и можност за дополнителна обука и професионална надградба.

Доколку сте подготвени да ја креирате иднината денес, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје Ве охрабрува да се приклучите на нивниот тим.

Вашата биографија испратете ја на: vrabotuvanje@kbprvo.com.mk, најдоцна до 20.04.2021 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.

За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: contact@kbprvo.com.mk или на тел. 02 / 3243–777.

Лице за контакт: Билјана Русомарова

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно