Connect with us

Компании

Оглас за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) Ве поканува да доставите Апликација и да станете дел од тимот за следната позиција:

ИНЖЕНЕР НА СИСТЕМ (3 ЛИЦА) 

Потребни квалификации:

  • Инженерот на систем во КаСис е динамична личност која отворено комуницира, која презема иницијативи и која гледа авантура во секој нов ден поминат во компанијата;
  • Образованието кое го има стекнато е најмалку ВСП степен стручна подготовка – Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки;
  • Личност која на работата под притисок и справувањето со повеќе проекти и задачи во исто време во кратки временски рокови, гледа како на предизвик;
  • Личност насочена кон решавање на проблеми, чија прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето ќе бидат високо ценети во рамките на компанијата;
  • Добрите организациски вештини, личниот интегритет и професионалниот однос се на високо ниво – цениме професионална етика, и се придржуваме кон професионалноста во нашето бизнис секојдневие;
  • Нашиот иден инженер на систем одлично го познава англискиот јазик (читање и пишување), и не се двоуми да се впушти во жива конверзација на англиски јазик;
  • Претходното работно искуство навистина ни значи: секое претходно искуство поврзано со картично работење, платните системи и дигитални канали на плаќања ќе биде земено како предност како и познавање на Unix/Linux OS и бази на податоци (SQL/SQL Plus/MySQL/Oracle), како и претходни сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки.

Кои се дневните обврски на еден Инженер на систем во КаСис? 

  • Подготовка, инсталирање и тестирање на нови системи кои се во функција на обработка на трансакциите;
  • Администрација на апликации задолжени за обработка на трансакции;
  • Администрирање на канали на плаќање и веб сервиси;
  • Анализа на податоци и разрешување проблеми;
  • Изработка на кориснички упатства и технички спецификации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје, најдоцна до 17.06.2020 година.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно