Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Поради зголемен обем на работењето и со цел да ангажира квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа, да напредува во својата банкарска кариера  

 

 

Капитал Банка АД Скопје распишува

 

К О Н К У Р С

за пополнување на отворено работно место  Соработник  во Секторот за управување со ризици (Associate in Risk Management Sector)

 

Основни работни задолженија и одговорности:

  • Проценка на ризичен профил на клиенти – правни и физички лица, 
  • Изработка на извештаи за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ (Risk opinion),
  • Контрола и активно следење на процесот на одобрување кредитни изложености на клиенти – правни лица, 
  • Изработка на  извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик  кон клиенти – правни лица (на ниво на поединечен клиент, група поврзани лица, на ниво на вкупно кредитно портфолио),
  • Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ, 
  • Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по основ на кредитниот  ризик, 
  • Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со  кредитниот ризик,
  • Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во согласност со важечката регулатива  (CAR, ICAAP, Stress testing).

 

Услови – Образование и дополнителни знаења:

  • ВСС- Економски факултет, 
  • Најмалку 3 (пожелно е 5) години работно искуство во банка од кои најмалку  2 години работно искуство во Организациска единица за управување со кредитен ризик,
  • Познавања на проценка на кредитната способност на правни лица (анализа на финансиските извештаи, изработка на проекции, квантитативна и квалитативна анализа),
  • Познавање и континуирано следење на банкарската и особено на супервизорската законска регулатива на НБРМ,
  • Активно знаење на англискиот јазик (пишан и говорен),  
  • Работно познавање на Microsoft Office пакетот, Internet, 
  • Дополнителни курсеви, обуки и препораки се сметаат за предност. 

 

Очекувани способности, персонални карактеристики:

  • Аналитичност и систематичност, 
  • Организациски вештини, 
  • Креативност и комуникативност, 
  • Позитивен став, 
  • Професионалност, доверливост и одговорност, 
  • Посветеност на работата, 
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Лидерски способности.

 

На избраниот кандидат му се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност, можност за усовршување и напредување.

 

Сите заинтересирани кандидати треба да ја достават својата кратка биографија и мотивациско писмо на следната електронска пошта: jobs@capitalbank.com.mk најдоцна до 30.11.2017 година.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

 

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно