Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице за работна позиција – Раководител на сектор за контрола и усогласеност на работењето во Скопје.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Работни задачи:

  • Координација и управување со ресурсите во Секторот за контрола на усогласеност и спречување на перење пари;
  • Исполнување на целите на Секторот и спроведување на стратегијата на Банката;
  • Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето на Банката со законската регулатива;
  • Оценување на потенцијалното влијание од промените во прописите врз работењето на Банката и врз опкружувањето во кое функционира Банката и навремено известување на членовите на Управниот одбор и вработените во Банката за измените;
  • Контрола на интерните акти од аспект на нивната усогласеност со законската регулатива и постоечките акти во Банката;
  • Постојано и ефикасно советување на членовите на Управниот одбор за прашања во врска со примената на прописите;
  • Следење и тестирање на усогласеноста на работењето на Банката со прописите и известување за неусогласености и за преземените корективни мерки за нивно надминување;
  • Оценување на ризикот од неусогласеност;
  • Оценување на усогласеноста на новите производи и деловните процеси во Банката со законската и подзаконската регулатива;
  • Ажурирање на интерните акти на серверот на Банката;
  • Документирање на работење и доставување месечни извештаи до Управниот одбор и шестмесечни извештаи до Надзорниот одбор;
  • Други активности на барање на органите на управување и надзор во Банката.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Факултетска диплома;
  • Напредни вештини во MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
  • Аналитичко расудување и внимание на детали;
  • Вештини на одлучување и решавање проблеми;
  • Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и професионално усовршување.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимот на Капитал банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 07.11.2019 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на својот тим, Халкбанк АД Скопје им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт во Одделение за сметководство и известување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно