Банки
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лица за позицијата:
Соработник за корпоративни клиенти
Локација : Битола ,Струмица и Тетово
Одговорности и задачи:
- Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
- Анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска документација;
- Проверка дали колатералот / обезбедувањето е во согласност со Политиката за управување со кредитен ризик на Банката;
- Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
- Примање, анализа и обработка барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
- Одговорен е за анализа на работењето и развојните програми на трговските друштва (утврдување на кредитната способност и економската оправданост на програмите);
- Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
- Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
- Следење на наплатата на побарување по исплатените кредити на корпоративни клиени;
- Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите;
- Аквизиција на нови клиенти;
- Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица;
- Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица;
- Продажба на производи и услуги на терен;
- Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти;
- Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти;
- Други работи по налог на Раководителот на Секторот за работа со корпоративни клиенти и МСП и/или Управниот одбор.
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
- Пожелно е 3-4 годишно работно искуство
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Вештини за преговарање и убедување
- Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
- Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
- Напредно познавање на Office пакетот
- Висок степен на чесност,етичност и доверливост.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 17.07.2022 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
Банки
Платена практикантска работа во НЛБ Банка

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје