Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

Самостоен референт во служба за кредитен ризик и анализа

Одговорности и задачи:

  • Проценка на ризичен профил при одобрување на кредитна изложеност на клиентот
  • Изработка на извештаи за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ (Risk opinion)
  • Финансиска анализа на фирма и проценка на бонитет
  • Активно учество во кредитниот процес и соработка со останатите деловни единици вклучени во истиот
  • Изработка на извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик кон клиенти –  (на ниво на поединечен клиент, група поврзани лица, на ниво на вкупно кредитно портфолио)
  • Изработка на извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик кон клиенти
  • Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ
  • Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по основ на кредитниот ризик
  • Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со кредитниот ризик
  • Останати работни обврски по барање на претпоставенот

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 4-5 годишно работно искуство
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 10.06.2022 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно