Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

Кредитен референт во Скопје

Одговорности и задачи:

  • Директна продажба на банкарски производи на крајни корисници на терен
  • Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредитирање
  • Поддршка на корисниците при процес на апликацијa
  • Вкрстена продажба/cross-selling
  • Следење на потенцијални кандидати и комуникација со нив
  • Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со маркетинг стратегиите на Банката
  • Градење на долгорочна соработка со постоечките клиенти
  • Примање, анализа и обработка на барањата на клиентите – физички лица
  • Работа на благајна
  • Соодветна промоција на Банката и постојано следење на условите на пазарот
  • Други работи по налог на директно претпоставениот и/или Управниот Одбор

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Пожелно е 2-3 годишно работно искуство
  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk.

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 13.03.2022 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во
работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

Ако твојата желба е работа во динамична работна атмосфера со беспрекорни колеги и одлични услови за развој, пријави се на огласот и придружи се кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје.

(more…)

Продолжи со читање


Популарно