Банки
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт во сектор за управување со ризици.
Одговорности и задачи:
- Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
- Анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска документација;
- Проверка дали колатералот / обезбедувањето е во согласност со Политиката за управување со кредитен ризик на Банката;
- Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
- Примање, анализа и обработка барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
- Одговорен е за анализа на работењето и развојните програми на трговските друштва (утврдување на кредитната способност и економската оправданост на програмите);
- Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи согласно одлука на Кредитниот одбор;
- Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
Потребни квалификации:
- Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
- Минимум 1 година работно искуство
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Вештини за преговарање и убедување
- Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
- Напредно познавање на Office пакетот
- Напредно познавање на англиски јазик
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, до 25.12.2021 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

УНИ Банка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Северна Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција. (more…)
Банки
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка