Банки
Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје


Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за продажба на банкарски производи во експозитурите во Кавадарци и Скопје.
Одговорности и задачи:
- Директна продажба на банкарски производи на крајни корисници на терен
- Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредитирање
- Поддршка на корисниците при процес на апликацијa
- Вкрстена продажба/cross-selling
- Следење на потенцијални кандидати и комуникација со нив
- Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со маркетинг стратегиите на Банката
- Градење на долгорочна соработка со постоечките клиенти
- Примање, анализа и обработка на барањата на клиентите – физички лица
- Работа на благајна
- Соодветна промоција на Банката и постојано следење на условите на пазарот
- Други работи по налог на директно претпоставениот и/или Управниот Одбор
Потребни квалификации:
- Одлични комуникациски и продажни вештини
- Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
- Вештини за преговарање и убедување
- Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
- Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
- Напредно познавање на Office пакетот
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, до 28.11.2021 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје