Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата Референт за продажба на банкарски производи во експозитура Кавадарци.

Одговорности и задачи:

  • Директна продажба на банкарски производи на крајни корисници на терен
  • Поддршка на корисниците при избор на најсоодветна опција за кредитирање
  • Поддршка на корисниците при процес на апликацијa
  • Вкрстена продажба/cross-selling
  • Следење на потенцијални кандидати и комуникација со нив
  • Зголемување на базата на нови клиенти во согласност со маркетинг стратегиите на Банката
  • Градење на долгорочна соработка со постоечките клиенти
  • Примање, анализа и обработка на барањата на клиентите – физички лица
  • Работа на благајна
  • Соодветна промоција на Банката и постојано следење на условите на пазарот
  • Други работи по налог на директно претпоставениот и/или Управниот Одбор

Потребни квалификации:

  • Одлични комуникациски и продажни вештини
  • Универзитетска диплома, економски факултет ќе се смета за предност
  • Вештини за преговарање и убедување
  • Искуство во теренска продажба ќе се смета како предност
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk. Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, до 25.10.2021 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје е универзална банка – партнер за населението и за малите и средните претпријатија, којашто креира вредности за своите акционери, клиенти и вработени, со помош на претприемачкиот и профитабилниот начин на размислување, оперативната ефикасност и градењето долгорочно партнерство. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка ги мотивира сите млади ентузијасти да аплицираат за практикантска работа во експозитурите на Банката и Контакт центарот. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим професионалци, Комерцијална банка Ве поттикнува да аплицирате за вработување во Банката. (more…)

Продолжи со читање

Популарно