Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од вработување на 4 лица за позиција Референт на благајна за Скопје:

Референтот на благајна е одговорен за услуга на клиентите на шалтер, процесирање но готовиниски и без готовински трансакци, плаќања на кредитни обврски на клиенти, наплата на соодветни надоместоци за услугата, внесување на трансакциите во системот на записи на Банката и соодветно промовирање на производите и услугите на Банката.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на Microsoft Office.

Поседување на соодветен сертификат за горенаведените вештини ќе се смета за предност.

Лични карактеристики:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини,
  • Динамична личност со способност за преземање на иницијативи,
  • Ориентираност кон клиенти, развиени продажни вештини, моќ на убедување и соодветна грижа за клиентите,
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови,
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето,
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Работниот однос е на определено време. Работно време е од 8 часа дневно.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимот на Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира. Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со нашата стратегија, ние сме секогаш отворени за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на нашиот тим им нудиме одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје

Објавено

на

ТТК Банка А.Д. Скопје објавува:

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА ВО СКОПЈЕ

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Можност за вработување во Стопанска банка АД-Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД-Скопје постојано има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати од следните области: (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange