Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје објавува оглас за вработување на Референт во Служба за кредитна анализа и оценка на големи корпоративни клиенти и МСП во експозитура Тетово.

Работни задачи:

  • Анализа на финансиите и пазарот на корпоративните, институционалните, МСП и малопродажните клиенти;
  • Анализа на билансите, паричните текови и останатата финансиска  документација;
  • Проверка дали колатералот / обезбедувањето  е во согласност со Политиката за управување со кредитен ризик на Банката;
  • Следење и спроведување на прописи и упатства од делокругот на работата;
  • Примање, анализа и обработка  барања на трговските друштва за одобрување на долгорочни и краткорочни кредити и гаранции и акредитиви;
  • Одговорен е за анализа на работењето и развојните програми на трговските друштва (утврдување на кредитната способност и економската оправданост на програмите);
  • Проверка на финансиските параметри на договорите за одобрените производи согласно  одлука на Кредитниот одбор;
  • Прибавување на документација за обезбедување по склучените договори;
  • Следење и контрола на наменската употреба на кредитот;
  • Следење на наплатата на побарување по исплатените кредити на корпоративни клиени;
  • Следење на реализацијата на инвестициите кои Банката ги финансира;
  • Воспоставување и одржување на постојани контакти со клиентите;
  • Аквизиција на нови клиенти;
  • Понуда и промоција на продуктите на банката на правни лица;
  • Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за правни лица;
  • Анализа на клиенти и подготовка на кредитни апликации;
  • Подготовка на каматни пресметки;
  • Подготовка на извештаи;
  • Продажба на производи и услуги на терен;
  • Соработка во развојот и постојаното унапредување на каталогот на производи и услуги за сегментот на работење со корпоративни клиенти;
  • Унапредување на односите и одржување на континуирани контакти со корпоративните клиенти.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Факултетска диплома -економски факултет;
  • Познавање на регулативата и промените;
  • Претходно искуство во областа на банкарството;
  • Напредни вештини во MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
  • Аналитичко расудување и внимание на детали;
  • Вештини на одлучување и решавање проблеми;
  • Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и професионално усовршување.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 19.02.2021 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

топанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа објавува:

О Г Л А С

За прием на работник на работно место

Администратор на картичен систем во Сектор за информатичка технологија

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Банкарски службеник во експозитура Велес (more…)

Продолжи со читање




Популарно