Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт за картично работење.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Одговорности и задачи:

  • Техничка поддршка на клиенти за инсталација на Електронско банкарство и мобилно банкарство
  • Регистрација на корисници за електронско банкарство и мобилно банкарство
  • Изработка на КИБС квалификувани сертификати преку ЛРК
  • Испраќање CUF фајлови за промена на лимити на картички по налог на клиент
  • Испраќање на PF фајлови за состојби на картички
  • Прием и обработка на SM, DO,DT,FO х6, LC И LD фајлови кои содржат информации за трансакции со картички
  • BAF фајлови за изработка на картици, испраќање PIN фајлови за пинови на нови картички и реиздавање на пин-ови.
  • Изработка на извештаи по налог на директниот претпоставен или УО, а поврзани со картично работење

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 05.06.2020 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со  стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на тимот, Банката им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Халкбанк АД Скопје како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на едно лице на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно