Банки
Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт во Сектор за платен промет.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Работни задачи:
- Отворање на денарски/девизни сметки на физички/правни лица;
- Комплетирање, проверка и ажурирање на соодветната документација за денарски/девизни сметки на физички/правни лица;
- Изработка на платни инструменти за платен промет со странство – плаќања (пропратено со предходна подготовка во насока на обезбедување на точни инструкции од клиентите, согласно режимската исправност, соодветната покриеност на с/ва за реализација, договорениот девизен курс зависно видот и соработката со конкретниот клиент итн.);
- Изработка на платни инструменти за платен промет со странство – наплати (пропратено со усогласување на режимската исправност, навремено известување на корисниците на наплатата, распоредување на средствата согласно инструкциите од корисниците, купопродажба на девизни средства итн.);
- Книжење во оперативниот систем на Банката на соодветните Ностро/Лоро трансакции;
- Проследување и обработка на swift пораки;
- Секојдневна тесна комуникација со Anti Money Laundring одделението во насока на пријавување и следење на девизните трансакции;
- Изработка на дневни и месечни извештаи за НБРСМ;
- Дневно ажурирање на изводите од домашни и странски банки;
- Наплата на провизии од странски банки;
- Изготвување на девизни изводи и комплетирање на истите со соодветна документација;
- Следење и примена на прописи и упатства од делокругот на работењето;
- Извршување на работни задачи на барање и насоки од повисоките инстанци (пр.прегледи, извештаи, анализи итн);
- Книжење на хартии од вредност (благајнички записи, обврзници итн.);
- Книжење на меѓубанкарски трансфери и пласмани на средства (купопродажби, арбитражи, overnight пласмани итн.);
- Пренос на средства од доспеани камати од депозити и изработка на каматни листи за финансиски институции;
- Проследување и обработка на swift пораки;
- Блокади и деблокади на средства од гаранции за кредити;
- Усогласување на салда и изработка на конфирмации со домашни и странски банки;
- Останати работни обврски по барање на Раководителот на Секторот и/или Управниот одбор.
Кандидатите треба да поседуваат:
- Факултетска диплома -економски факултет;
- Познавање на регулативата и промените;
- Претходно искуство во областа на банкарството;
- Напредни вештини во MS Office;
- Познавање на англиски јазик;
- Комуникациски вештини, усмени и писмени;
- Аналитичко расудување и внимание на детали;
- Вештини на одлучување и решавање проблеми;
- Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
- Лична одговорност и интегритет;
- Спремност за учење и професионално усовршување.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 03.05.2020 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е во потрага по талентиран и креативен маркетинг дизајнер кој би се придружил на динамичниот маркетинг тим на Банката. Како маркетинг дизајнер, ќе имаш клучна улога во обликувањето и извршувањето на визуелниот идентитет на НЛБ брендот низ различни канали и платформи. Ова е возбудлива можност заедно со останатите вработени значително да придонесеш за остварување на маркетинг целите на Банката. (more…)
Банки
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)
- Анализипред 2 months
АНАЛИЗА ШТЕДНИ ВЛОГОВИ: Во која банка е најповолно да ги орочите средствата на една година?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
ФАНТАСТИЧНО ПОЛУГОДИЕ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – оствари добивка од 32,5 милиони евра за шест месеци во 2023 година
- Банкипред 1 month
УНИБанка вработува Раководител и Референт на фронт офис во експозитура во Скопје
- Платежни картичкипред 2 months
Масовен проблем со платежни картички, пос уреди и банкомати во Македонија
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Стопанска банка Скопје преку високо пазарно учество до профит од над 27 милиони евра за 6 месеци
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје