Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт во Одделение за сметководство и известување.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Потребни квалификации:

-ВСС од областа на економија и економски науки,

-одлично познавање на основите на финансиско работење,

-одлично познавање на англиски јазик,

-одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,

-поседување на возачка дозвола Б категорија,

Опис на работни задачи:

– Ги обработува поодделните ставки од изводите на жиро сметката и подсметките на банката врз основа на контирањето на службите

– Посредува во разјаснување на неразјаснети приливи

– Решава рекламации од екстерни и интерни извори

– Ги следи прописите и упатствата  од областа на платите и ги врши сите работи околу пресметките и исплатите на платите

– Води евиденција на административните и судските забрани на вработените

– Ги врши сите работи со ПИОМ, ФЗО и Државниот завод за статистика

– Се грижи за ажурирањето на сметковниот план на банката

– Контактира со организационите единици и учествува во решавањето на погрешни книжења

– Соработува во услужувањето на контролите и ревизиите

– Подготвува и испраќа дневни, декадни месечни и годишни извештаи (екстерни и интерни)

– Ги води, контролира и усогласува евиденциите за обврските по ДДО, побарување од купувачите, пресметки и плаќања на даноци

– Ги ликвидира патните налози за службени патувања

– Води евиденција за основните средства, ситниот инвентар и преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања

– Изготвува налози за плаќање

Кандидатот треба да поседува:

-самоиницијативност и способност за тимска работа,

-исклучителни комуникациски способности,

-позитивен пристап кон работата,

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на  тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 28.02.2020 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Самостоен референт во Одделение за ИТ.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно