Банки
Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје


Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на две лица на работна позиција Референт за кредитирање во Кочани.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Потребни квалификации:
- ВСС од областа на економија и економски науки
- одлично познавање на основите на финансиско работење
- одлично познавање на англиски јазик
- одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери
- поседување на возачка дозвола Б категорија.
Опис на работни задачи:
- промоција и продажба на финансиски производи
- проценка на кредитни барања и кредитна способност на клиентите
- градење на квалитетни и долгорочни односи со клиентите.
Кандидатот треба да поседува:
- самоиницијативност и способност за тимска работа
- исклучителни комуникациски способности
- позитивен пристап кон работата.
Работна позиција – Референт за кредитирање ги опфаќа и следните работни задачи:
- Примање, анализа и обработка на барањата од клиенти – физички лица;
- Понуда и промоција на продуктите на банката на физички лица;
- Информации врзани за понудата на услугите и толкување на тарифникот за физички лица;
- Аквизиција на нови клиенти за банката и одржување на континуирани контакти со постојаните;
- Анализа на финансиите и пазарот на физички лица;
- Грижа за клиентите, одржување на континуирана комуникација и релации за поттикнување на нови и повторливи кредитирања;
- Унапредување на односите со постојаните клиенти;
- Продажба на производи и услуги на терен;
- Подготовка на каматни пресметки;
- Подготовка на извештаи;
- Давање на предлози за унапредување на продажбата на продукти за кредитирање на физички лица и
- Други работи по налог на директниот претпоставен и/или Управниот одбор.
Работниот однос е на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимот на Капитал банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk .
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 27.01.2020 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Банки
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје


УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)
Банки
Оглас за вработување во ПроКредит Банка


Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)
Банки
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје


Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје